Челниците на фудбалскиот состав, Шкупи, по вторпат во сезонава се разделија со тренерот, Гоце Седлоски.
Нашиот признат стартег беше кормилото на чаирчани во почетокот на шампионатот а потоа ја прекина соработката. Сепак, само неколку денови подоцна, Шкупи повторно го ангажираше.
Бидејќи во наредните 10-на дена екипата ќе нема обврски поради термините резервирани за репрезентативни обврски, чаирчани ќе имаат доволно време да обезбедат нов стратег.