Во очекување на бараж дуелот со Данска за пласман на Светско првенство, новиот селектор Гоце Седлоски го објави списокот на повикани фудбалери за дуелот со Данска. Во изборот на Седлоски има промени во однос на претходните натпревари кои ги играше Македонија под водство на Благоја Милевски.
Во репрезентативниот дрес се враќаат Бобан Николов и Љупче Дориев, додека новајлии ќе бидат Имран Фетаи од Шкендија, Дани Мусовски од Сиетл Саундерс и колумбискиот бек со македонски пасош Себастијан Херера кој игра за Борац Бања Лука.
Список на повикани фудбалери на Македонија:
Голмани: Столе Димитриевски, Дејан Илиев и Дамјан Шишковски
Одбрана:
Езѓан Алиоски, Андреј Стојчевски, Себастијан Херера, Дарко Велковски, Ѓоко Зајков, Никола Серафимов, Висар Муслиу, Имран Фетаи, Егзон Бејтулаи
Среден ред:
Ељиф Елмас, Енис Барди, Бобан Николов, Тихо Костадинов, Решат Рамадани, Исник Алими, Љупче Дориев, Лука Станковски, Јани Атанасов
Напад:
Бојан Миовски, Дарко Чурлинов, Милан Ристовски, Александар Трајковски, Енис Растодер, Лирим Ќамили, Дени Мусовски
Првиот собир Седлоски ќе го одржи во хотел „Хилтон“ во недела, а во понеделник е првиот тренинг.

