Гоце Седлоски кој имаше блескави моменти во фудбалската кариера додека настапуваше за Динамо Загреб од 1998 до 2005 година, ќе биде тренер на вториот тим на „модрите“.
„Ми се исполни желбата, доаѓам да работам во Динамо. Знаете колку го сакам Загреб и колку ми е мило што се враќам“ – изјави Седлоски за медиумите во Хрватска.
Некогашниот наш репрезентативец во неговата тренерска кариера седеше на клупата на Вардар, Турново, Рига и Широки Бријег.

