Македонија доживеа убедлив пораз од Турција од 4-0 на вечерашниот контролен натпревар што се одигра на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул.
Многу работи во нашата игра треба да се поправат, откако четири натпревари сме без постигнаг гол.
„Загубивме со 4-0 и ја преземам сета одговорност бидејќи јас ги поставувам играчите. Ова е пријателски натпревар, на сите играчи им дадов шанса. Од овие натпревари треба да учиме многу. Да, имаме четири меча без постигнат гол. Работиме на тренинзите на тој сегмент. Игравме со силни репрезентации, а иако тоа не е оправдување, мора да работиме. Ние креираме нешто ново, се знае дека кој и да е повикан мора да даде максимум. Не смееме да се распаѓаме по примен гол. Имам слика за секој играч и треба да одлучам како ќе работиме пред Лиграта на нации. Оставете ги фудбалери јас ги повикав, одговорноста е на мене, а за следните натпревари кој ќе биде повикан, ќе видиме, изјави на прес-конференцијата по мечот, селекторот Гоце Седлоски.

