Фудбалската репрезентација на Македонија претрпе пораз од 2-0 против Словенија во рамките на второто коло од Лигата на нации.
По натпреварот, македонскиот селектор Гоце Седлоски не го криеше разочарувањето, но упати и зборови на поддршка до својот тим.
„Нормално е поразот да боли и сите сме raзочарани, но момците го дадоа последниот атом енергија. Мораме да бидеме трпеливи и да го изодиме овој пат на подмладување на тимот. Мојот фокус веќе е насочен кон следниот предизвик против Шкотска, каде што очекувам да покажеме подобрување. Не би сакал да издвојувам поединци, но мора да му се оддаде признание на младиот Матеј Гаштаров за одличните изданија на последните два меча“, истакна Седлоски.

