Гоце Седлоски се враќа на кормилото на Шкупи. Денеска од клубот потврдија дека само неколку недели по неговото заминување од редовите на македонскиот шампион, тој повторно ќе ги преземе чаирчани.
Клубот денеска и официјално со соопштение го потврди враќањето на Седлоски на клупата.
„Почитувани навивачи ве известуваме дека нов главен тренер на Шкупи ќе биде Гоце Седлоски, додека како негов прв асистент, легендата на клубот Арбен Нухиу. Заедно со нив, Суат Алија се враќа на функцијата претседател на клубот“, се вели во кусото соопштение.