Тренерот на фудбалерите на Вардар, Гоце Седлоски, верува дека неговите избраници ќе ја победат екипата на Струга Трум Лум и ќе го освојат пехарот во Купот.
„Толку време Вардар го чека ова финале, ќе дадеме максимум и со помош од публиката да ја оствариме целта. Ако играчите одиграат како во претходните шест месеци, се надевам дека трофејот ќе дојде во нашите витрини“ – рече Седлоски.
„Знаеме каде беше Вардар во првата полусезона ама со макотрпна работа стигнавме до петтото место. Сакам да го заокружиме добриот ритам и утре“ – изјави Седлоски пред мечот на Арената во Скопје.

