Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Седлоски: Задоволен сум од играта и резултатот, на реваншот одиме да ја завршиме работата до крај
    Фудбал

    Седлоски: Задоволен сум од играта и резултатот, на реваншот одиме да ја завршиме работата до крај

    risteBy riste11/07/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Вардар ја оствари целта, славеше над Ла Фиорита од Сан Марино со 3:0 и голема предност ќе патува на реваншот од 1. коло во Конференциската лига на УЕФА.

    По мечот, тренерот Гоце Седлоски беше задоволен од прикажаното од своите играчи, кои до триумфот дојдоа со добра игра во вториот дел.

    „Сакам да им честитам на играчите, првиот дел беше во грч, затоа што некои играчи играат вакви мечеви за прв пат. Ваквите ривали се доста незгодни ако не им дадеш гол. Но, задоволен сум од вториот дел, измените ни донесоа разлика и заслужено победивме со три гола разлика. Во последните петнаесет минути имавме и повеќе шанси, кои мора во иднина да користиме. Некој да ми понудеше 3:0 пред меч ќе прифатев веднаш. Доста играчи од овие не беа во целост на подготовките. Новите играчи допрва треба да се докажуваат. Знаеме колку тежи вардаровиот дрес. Но, генерално сум задоволен од тимот и од изданието. Сите кои одиграа го дадоа максимумот“, изјави Седлоски.

    Реваншот меѓу Ла Фиорита и Вардар во Сан Марино се игра на 17 јули. Победникот од двомечот игра со швајцарскa Лозана во втората рунда на Конференциската лига.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.