Фудбалската федерација на Македонија денеска официјално ја претстави Генералната стратегија – „Обединети од фудбалот 2021-2025“. Првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини, потенцираше дека е време за нови чекори.
„Сакаме да го одбраниме моделот кој не направи горди во изминатиот период со учество на ЕП и другите значајни резултати. Гледајќи кон иднината мора да запаметиме дека репрезентациите што ни донесоа успех се резултат на нашата работа и посветеност. Тоа треба да биде мотив за младите и фудбалот да оди напред“ – потенцираше меѓу другото Сејдини.
Генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски, на кратко ги објасни седумте столбови на стратегијата – „Обединети од фудбалот 2021-2025“ кои треба да го направат фудбалот најуспешен и најигран спорт во Македонија.