Проблемите за Манчестер Јунајтед очиглено не се ни на повидок да завршат. Авторитетниот весник „Телеграф“ објави дека еден од најважните играчи на “црвените ѓаволи”, Давид де Хеа, нема намера да потпише нов договор со клубот.
Причините за одлуката на шпанскиот репрезентативец е тоа што тимот нема капацитет да се бори за големи трофеи и тоа што Манчестер Ј. не е подготвен да му даде плата која ќе го израмни со примањата на Погба и Санчез.
Во моментов платата на Де Хеа изнесува 200.000 фунти неделно. Сегашниот договор на Де Хеа со Јунајтед е до летото 2019 година.