Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Сега на ред се нашите фудбалери, сами одлучуваат за себе
    Фудбал

    Сега на ред се нашите фудбалери, сами одлучуваат за себе

    risteBy riste16/11/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Откако синоќа беа одиграни дел од натпреварите во Лигата Д, а Белорусија славеше над Луксембург од 2:0 во Групата 2, сега Македонија со две победи во последните две кола, вечерва против Лихтенштајн и во понеделник против Гибралтар во Скопје, дефинитивно според бодовната ситуација на првопласираните четири селекции ќе биде меѓу првите две најдобри со што ќе го има правото да биде домаќин во полуфиналната средба.

    Белорусија во Групата 2 е со 11 бода на чело на едно коло до крајот, без можност за подобар бодовен резултат од Македонија ако ние победиме во последните две средби до крајот. Иста е ситуацијата во Групата 3 каде Косово е на врвот со 8 бода на две кола пред крајот. Со тоа, Македонија и Грузија (која е убедливо најдобра од првата група) би биле домаќини во полуфиналните натпревари.

    Според правилата и согласно форматот на УЕФА, најдобрата (според бодовниот ефект) првопласирана селекција од четирите групи во полуфиналето ќе игра против четвртата, а втората најдобра против третата. Додека финалето ќе се игра на неутрален терен.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Погба, конечно, се враќа во тимот на Јувентус

    29/01/2023

    Пеп: ме изненади тактиката на Артета

    28/01/2023

    Елмас сакал да го напушти Наполи

    28/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • СП 2023: Франција и Данска во реприза на финалето од 2011
    • Ивановски поразен во финалето на ИТФ турнирот во Тунис
    • Големо признание: Начевски и Николов ќе го судат финалето на СП 2023
    • Франција посилна за Карабатиќ на вечерашното финале на СП
    • Ѓоковиќ по 10-ти пат го освои Мелбурн и се враќа на врвот на АТП листата
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.