Денеска започна со изградба новата западна трибина на Градскиот стадион во Штип која ќе ги задоволува сите критериуми на УЕФА за одигрување на меѓународни натпревари, потврдија од Фудбалската федерација на Македонија.
Претседателот на ФФM, Муамед Сејдини, градоначалникот на општина Штип, Сашко Николов, сопственикот на ФК Брегалница, Кирил Гогов, првиот човек на ОФС Штип, Димитар Џонов и спортски претставници го означија почетокот на изградбата на новата трибина која се гради по строгите УЕФА правилници за инфраструктура и ќе ги задоволува европските критериуми.
„Целосно ќе ја изградиме западната трибина и ќе бидеме логистика за сите други потреби околу изградбата на стадионот. Подобрувањето на фудбалската инфраструктура е еден од клучните делови во работењето на ФФМ и за многу кратко време ја менуваме сликата на стадионите во нашата држава“– изјави претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини.

