Македонскиот фудбал оди по вистинскиот пат, посочи Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија,Муамед Сејдини,на денешното редовно Собрание на ФФМ.
„Мило ми е што на секој Конгрес на ФИФА и УЕФА, гледаме почит за ФФМ, тоа е нешто што ни ги полни батериите и ни дава мотив. Реализиравме огромен број на проекти. Досега вложувавме во терени и трибини. Не бегаме од предизвиците и горди сме на сите селекции, на нашите клубови“ рече Сејдини.
Претставникот на ФИФА вети два милиона долари повеќе од Форвард-програмата што значи дека ФФМ ќе располага со осум милиони.Финансискиот извештај вели дека федерацијата за 2022 година е во добивка од околу 4,2 милиони евра. Приходите се зголемени за 3,66% во однос на претходната година, најголем дел од ТВ права и од реклами.