Вршителот на должноста претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, пред стартот на пролетниот дел од сезоната и натпреварите закажани за в недела, преку официјалниот сајт на ФФМ испрати порака до клубовите.
„Верувам дека секој тим ќе се бори да ги исполни амбициите и затоа им посакувам многу среќа во продолжението од сезоната и здравје на фудбалерите. Од страна на ФФМ уверуваме дека организацијата на натпреварувањето ќе биде на најдобро ниво и сите ќе бидат еднакво третирани. Доколку сите ние и федерацијата и клубовите се раководиме според пропозициите за натпреварување а тоа е заедничка цел, сигурен сум дека нема да создаваме било какви проблеми. Ги повикуваме сите гледачи и поддржувачи на македонскиот фудбал да навиваат за фер и коректно, во духот на фер-плеј, со почит и толеранција кон противниците, официјалните лица и сите гледачи. Заеднички да кажеме НЕ за сите облици на вербално и физичко насилство“, истакна Сејдини.
Пролетниот дел од сезоната кај прволигашите ќе започне в недела од 14.00 часот. Еве ги и двојките. Шкендија-Вардар, Академија Пандев – македонија Ѓорче Петров, Победа-Беласица, Работнички-ренова и Силекс-Шкупи.