Во пресрет на натпреварот Италија-Македонија порака за поддршка до играчите испрати првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини.
-Оваа репрезентација и овие момци ги краси карактер и заедништво. Тие веќе покажаа дека се спремни за големи работи. Македонските играчи веруваат во себе и знам дека ќе дадат сè од себе за да го исполнат сонот за пласман на Светско првенство. Благодарност до сите навивачи кои дојдоа да ја бодрат репрезентацијата, уживајте“, изјави Сејдини.