Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, пред денешниот меч со Италија испрати порака на социјалните мрежи, во која побара поддршка за фудбалерите.
-Овие квалификации за пласман на континенталниот самит потврдија дека фудбалот, навистина е игра која буди најмногу емоции. Одигравме одлични натпревари против силни претставници во групата. Во период од 18 месеци ова е трет дуел против актуелниот европски првак. И ретко кој може да се пофали со позитивен биланс со Италија како што можеме ние. Но ова не беше доволно за пласман на првите две позиции“ – напиша Сејдини.
-Успехот не се постигнува преку ноќ, се создава нова генерација која има многу амбиции и самодоверба за големи резултати во иднина. За мене сега ова е врвен приоритет, да помогнеме заедно да ги постигнеме целите и да им дадеме крилја на младите момци од секој аспект за да можат да нè израдуваат со нивните успеси сите заедно“ – напиша Сејдини.