Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Сејдини: „За нечии сметки бевме доведени до финансиски крах. Одговорноста сега е на истражните органи и на оние кои работеле спротивно на законите“
    Фудбал

    Сејдини: „За нечии сметки бевме доведени до финансиски крах. Одговорноста сега е на истражните органи и на оние кои работеле спротивно на законите“

    risteBy riste28/07/2020No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Реакција на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини во врска со поднесената кривична пријава против лица поврзани со ФФМ од Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

    Како претседател на Фудбалската федерација на Македонија на 10. октомври 2019 година пријавив сомнение за сторен финансиски криминал до државните истражни органи поврзан со злоупотреба на службената положба и овластување, за перење пари и други приноси од казниво дело и измама во службата од страна на поранешната раководителка на финансискиот оддел во ФФМ и Н.Н. лица.

    И тогаш кога пријавивме сомнение за проневера, но и сега, мојот и секако ставот на Федерацијата е дека единствено институциите, односно во овој случај, Јавното обвинителство и истражните органи треба да ја водат истрагата пријавена од наша страна, а ние сме должни да соработуваме и да ги доставиме сите потребни документи до истражните органи за расчистување на целиот процес.

    Во изминатиот период Фудбалската федерација на Македонија имаше интензивна соработка со државните истражни органи, а посебно упатуваме благодарност до Управата за финансиска полиција за нивниот професионален однос, посветеност и одговорен пристап.

    На Генералното Собрание на ФФМ одржано пред две седмици, јас, како претседател на Фудбалската федерација на Македонија реков пред присутните, а сега ќе повторам и за целокупната јавност дека како човек кој долго време работи во фудбалот во Македонија, до минатата година мислев дека доволно и добро ги познавам и соблекувалните и стадионите и канцелариите и внатре и однадвор, но и луѓето.

    Почитувам правила и закони и сметав дека така се однесуваат и другите. Посебно тие кои долги години извршувале одговорни функции. За сѐ друго, одговорноста е на државните институции и судските органи и се разбира на оние кои работеле спротивно на законите.

    Последиците од тоа, тие луѓе ќе мора да ги сносат. Мене ми е најважно што како Федерација го пребродивме периодот кога за нечии сметки бевме доведени речиси до финансиски крах, но не дозволивме репрезентациите и фудбалското семејство да почуствуваат дека нешто драматично се случува.

    Се разбира и јас и сите околу мене сме подготвени и ќе продолжиме да соработуваме со институциите на системот, било да е извршна или судска власт, доколку тоа се бара од нас по дела за кои сме пријавиле сомнение.

    Истовремено, сакам да потенцирам дека раководните луѓе во УЕФА детално се информирани за целиот случај, а како одговорна и транспарентна институција побаравме посебна финансиска истрага и од нивна страна за што добивме уверување дека во најскоро време финансиски експерти од УЕФА ќе извршат и своја, дополнителна контрола во однос на проектите и работењето на ФФМ.

    Ја уверувам јавноста, посебно фудбалската дека нашето работење не е загрозено, иако минуваме тежок период и веќе работиме на внатрешна контрола на сите активности, плаќања и обврски на федерацијата од 01. јануари 2010 година.

    Кршење на закон од било когo и на било каков начин, не само финансиски, секако мора да сноси одговорност и последици.

    Јас како претседател на Фудбалската федерација на Македонија заедно со надлежните институции ќе продолжам да соработувам со институциите за расчистување на случајот. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.