На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:
-Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за распределба на средствата наменети за солидарна шема на УЕФА за сезоната 2024/25 во висина од 1.811.000 евра. Средствата ќе бидат распределени на клубовите од Прва МФЛ кои ќе ги исполнат критериумите за натпреварувачата сезона (програма за развој и минимум правни информации). Средствата ќе бидат распределени подеднакво, односно секој клуб ќе добие по 150.916,00 евра.
Леонид Јандреоски е назначен за прв оперативец во „Куќа на фудбалот“ со мандат од четири години. Toj е дипломиран економист со магистарски студии на економскиот факултет во Љубљана, во областа спортски менаџмент. Активно учествувал во организацијата на Европското првенство во фудбал до 21 година во Љубљана, Словенија 2021 година. Има сертификат за напреден спортски менаџмент, едукативна програма организирана од МОК.

