Опциите за наследник на Роналд Куман на клупата на Барселона се множат со секој изминат ден. На постојните имиња денес беа додадени уште две – на Јоаким Лев и Ерик Тен Хаг.
Според „Спорт“, долгогодишниот германски тренер е фаворит за нов тренер, но во исто време, Радио Каталонија го наведува тренерот на Ајакс како избор на претседателот Жоан Лапорта.
Вечерва Барселона гостува кај Атлетико Мадрид и се очекува Роналд Куман по овој натпревар да биде ослободен. Други имиња за кои се разговара се Ралф Рангник, Роберто Мартинез, Чави Ернандез, Андреа Пирло и Марсело Гаљардо.