Македонската фудбалска репрезентација до 19 години денеска загуби од Швајцарија со 2-0 и практично е елиминирана од трката за првата позиција во групата што носи пласман на Европското првенство.
Средбата во Скопје беше решена со головите на Жуниор Луке во 12. минута и на Ромео Бенеј кој во финишот постигна евро-гол.
Во последното коло на терените на ФФМ, Македонија ќе се сретне со Летонија која исто така има два пораза. Дуелот е закажан за в среда од 14.00 часот. Тогаш ќе се одигра

