Македонската фудбалска репрезентација до 21 година го забележа третиот пораз во серија во квалификациите за ЕП откако денеска во Скопје загубивме од Грузија со 1-0.
Клучниот момент се случи по девет минути игра во второто полувреме кога Маматашвили постигна убав гол од далечина за водство на Грузија од 1-0 што беше доволно да ги освои трите бода.
Македонија е претпоследна во групата со три порази и една победа. Зад нас е само Гибралтар. На врвот води Холандија пред Грузија, Шведска и Молдавија.