Нашите ракометни јуниорки ќе се борат за петтото место на ЕХФ шампионатот кој се одржува во Скопје.
Тие денеска во меч за пласман од 5 до 8 место славеа победа против Финска со 31-25- (полувреме 11:11). Најефикасни со седум голови беа Ангела Јанкуловска и Ана Марија Коларовска додека Андреа Седлоска постигна пет.
Македонија утре на последниот ден на шампионатот ќе излезе на мегдан против селекцијата на Исланд во битка за 5-то место.