Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ја забележа третата победа во квалификациите за Европското првенство .
Нашиот национален состав славеше на гостувањето кај аутсајдерот Гибралтар со 2-0 со головите на Крстевски и Адеми.
Квалификациите ќе ги завршиме во наредниот месец кога на 11 ќе ја дочекаме Грузија а веднаш потоа на 15 октомври ќе се појавиме на теренот на Грузијците.

