Македонскиот прволигаш Силекс назмислува за својата иднина и ангажираше млад и перспективен играч. Божидар Митревски е нов играч на оваа екипа , се работи за млад фудбалер кој е роден 2001 година и потпиша договор со екипата на Силекс.
Станува збор за еден од најдобрите млади дефанзивци во нашата земја. Има одиграно повеќе од 40 натпревари за младинските селекции на Македонија од 15 до 19 години. Првите чекори во фудбалот ги направи во фудбалската школа на Работнички, а една година настапуваше и за кадетската и младинската екипа на Вардар. Дебитираше и во првиот тим на Вардар со само 17 години.
Екипата на Силекс како стабилен прволигаш е одлично место за напредок во неговата кариера, а ќе биде под окото на тренерот Горан Симов.