Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери за претстојните натпревари против Грузија (12. ноември, финале, плеј-оф за пласман на ЕП 2020), Естонија (15. ноември, Лига на нации) и Ерменија (18. ноември, Лига на нации).
Првиот натпревар со Грузија во Тбилиси на 12.ноември ќе биде најзначајниот натпревар од овие три кои ќе ги игра Македонија, но секако и останатите два натпревари ќеимаа посебно значење за освојување на првото место во нашата група од Лигата Ц во новата сезона на Лигата на нации.


