Фудбалските репрезентативци ветија, односно посакаа и исполнија. Пред натпреварот со Италија посакаа со победа да му го честитаат роденденот на селекторот Благоја Милевски кој наполни 51.година, а како роденденски подарок од своите избраници доби историска победа против Италија и пласман во финале од баражот за СП во Катар.
Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а имаше и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!
Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, денес ќе има причина плус да биде среќе заедно со своите фудбалери од репрезентацијата. На селекторот Благоја Милевски му посакуваме Среќен роденден, и да бележи уште многу успеси со Македонија!!!