Фудбалската федерација на Црна Гора го отпушти српскиот тренер Љубиша Тумбаковиќ од функцијата селектор, откако тој одби да го води тимот на мечот против Косово кој заврши нерешено 1:1. Двата тима се ривали во група „А” од квалификациите за ЕВРО 2020.
„Извршниот комитет на црногорскиот фудбалски сојуз едногласно одлучи да го отпушти Тумбаковиќ откако тој самостојно реши да не го води тимот на натпреварот со Косово. Освен непријатното изненадување Тумбаковиќ покажа непрофесионален однос и ги наруши одговорностите на договорот. Извршниот комитет исто така жали што фудбалерите Филип Стојковиќ и Мирко Иваниќ исто така одбија да играат на оваа средба. Во овој случај тоа нема никаква врска со фудбалот и спортот “, се вели во официјалното соопштение на црногорскиот фудбалски врв
Националната агенција „МИНА“ објави дека притисокот од Белград ги принудил Тумбаковиќ, Стојковиќ и Иваниќ, кои исто така биле родени во Србија и играат за Црвена Ѕвезда, да одбијат да учествуваат на натпреварот.
На натпреварот во Подгорица се играше без публика поради казната на домаќинот, поради расистички навреди на играчите од Англија, при поразот од 1:5 во март.

