Селекторот на грузиската репрезентација Владимир Вајс на вчерашната прес-конференција пред натпреварот со Македонија во дивизијата Ц од Лигата на нации истакна дека во Скопје дојдоа да победат.
„Нема да можам да бирам меѓу Косово и Македонија, бидејќи нашиот противник е веќе познат и ќе се сретнеме со Македонија во финалето на плеј-офот. Сепак, сега пред тој натпревар размислуваме само за утрешниот натпревар, што е многу важен во однос на првото место во групата. И на противникот и нам ни недостасуваат неколку клучни играчи, сепак ова е понекогаш добро и тренерот може да тестира нови играчи. За нас не е важно дали противникот игра со 3 дефанзивци или со 4 дефанзивци, ние сме подготвени за секоја опција. Грузија и Македонија сакаат да играат фудбал, да имаат посед. И покрај недостатоците, се надевам на победа“, вели Вајс.

