Шпанскиот тим Селта Виго објави продолжување на договорот со тренерот на тимот Оскар Гарсија , соопшти клубот на официјалната веб-страница.
Новиот договор со тренерот е со траење за период од две години. По 31 натпревар од тековната сезона во Ла Лига, Селта е на 16-то место со 33 бода. Гарсија го предводи тимот од ноември 2019 година. Тој претходно ги водеше екипите на Ватфорд, Сент Етјен и Олимпијакос.
Во 32-то коло, Селта ќе биде домаќин на Барселона на својот стадион, а натпреварот ќе се игра утре, 27 јуни.

