Фудбалерот на Селта, Јагос Аспас, постигна погодок на вчерашниот меч со Барселона кој заврши 2 спрема 2 со што го изедначи рекордот кога станува збор за најдобриот стрелец во историјата на клубот од Виго во еден шампионат.
Мечот беше одигран во рамките на 33 коло во шпанската фудбалска елита а Аспас токму со неговиот гол му донесе голем бод на домашниот тим кој цели 62 години настапува во Примера Дивизион.
Аспас досега има 20 погодоци во лигата а последниот играч на Селта кој постигнал исто толку голови во сезоната 1955/1956 е Мауро Катас. Тој шампионатото го заврши со 24 погодоци.