Селта го врати шпанскиот напаѓач Нолито од Севиља за да им помогне во битката за спас односно опстанок во Ла Лига.
Тимот од Виго го искористи правилото што им овозможува на клубовите да потпишат со играчи надвор од трансфер период во посебни околности.
Во соопштението од клубот се вели дека Нолито ќе се приклучи на тимот веднаш, под услов да ги помине медицинските тестови и да го финализира неговиот договор со Селта, екипа која е на 17-та позиција на табелата во Ла Лига и има предност од два бода над зоната за испаѓање. Остануваат уште 9 натпревари до крајот на првенството.
33-годишниот Нолито ги помина најдобрите три години од својата кариера во дресот на Селта, постигнувајќи 39 голови во лигата помеѓу 2013 и 2016 година, што го доведе до негов трансфер во Манчестер Сити. Селта успеа да потпише со Нолито, откако голманот Серхио Алварез претрпе повреда на коленото во мај и е надвор од комбинација пет месеци, минимален период според кој правилата на шпанската федерација му овозможуваат на еден клуб да привлече нов играч.