Белгискиот напаѓач во редовите на Кристал Палас, Кристијан Бентеке можеби ќе се пресели во Вест Бромвич Албион, објави „Скај Спортс“.
Според изворот, тренерот на Вест Бромвич Сем Алардајс сака да го види 30-годишниот Белгиец во својот тим, но поради немање пари клубот може да си дозволи само да го позајми напаѓачот до крајот на сезоната. Оваа сезона Бентеке одигра 13 натпревари во Премиер лигата, на кои постигна три гола и еднаш доби црвен картон. Неговиот договор со лондонскиот клуб истекува во летото 2021 година.
Претходно беше објавено дека напаѓачот на репрезентацијата на Нигерија, Ахмед Муса, може да ја продолжи кариерата во Вест Бром. Се очекува тој да биде подложен на лекарски преглед во клубот на 27 јануари, по што ќе потпише договор со важност до крајот на сезоната 2020/2021.

