Десниот бек на фудбалскиот состав Барселона, Нелсон Семедо, ги прекршил правила за превенција од Ковид-19 и затоа најверојатно ќе биде санкциониран.
Шпанските медиуми денеска објавија дека Португалецот во изминатиот понеделник ги прекршил протоколите бидејќи бил во друштво со уште 20 луѓе. Бидејќи црномурестиот дефанзивец за споменатиот настан не ги информирал луѓето од клубот, медиумите претпоставуваат дека ќе биде казнет.
Воедно, како потврда за целиот случај во кој е инволвиран Семедо се појави и видео на социјалните мрежи на кое се гледа играчот на Каталонците.