Поранешниот главен тренер на Локомотив ,Јури Семин, изјави дека Квича Кварацелија, може да конкурира за наградата за најдобар фудбалер во Серија „А“
. Грузиецот засега е прва ѕвезда на наполитанците кои се сигурни лидери во домашниот шампионат а обезбедија место и во четвртфиналето во Лигата на шампионите.
„На секој натпревар ги гледаме неговите талентирани и необични реакции . Квича на секој натпревар игра се подобро и подобро“ – вели Семин.