Селекторот на Сенегал, Алиу Сисе на прес-конференцијата пред денешниот дуел со Холандија потврди дека напаѓачот Садио Мане нема да игра поради повреда.
„Пред се, жалам за самиот Садио. Но, жал ми е и за репрезентацијата, но секако поважно е неговото здравје. Секако, нема да ја криеме важноста на Садио Мане за сенегалскиот тим. Тој е многу важен, тренерот го гради својот тим околу најдобрите играчи. Но, имаме група на играчи во која се и искусни и млади играчи. Сите тие се подготвени да го понесат товарот. И претходно, моравме да играме натпревари без Садио Мане“, изјави Сисе.