Голманот на Челзи, Едуард Менди и напаѓачот, Фамара Дидиу, се новите двајца со позитивни тестови за Ковид-19 во репрезентацијата на Сенегал, потврдија од африканскиот тим.
Тие му се придружуваат на централниот дефанзивец и капитен, Калиду Кулибали и влегуваат во групата на играчи кои ќе го пропуштат првиот натпревар на Африканскиот куп на нации против Зимбабве закажан за в понеделник.
Уште пред заминувањето за Камерун, во кампот на сенегалскиот тим имаше шест заболени – Салиу Сис, Бамба Диенг, Маме Баба Тиам, Папе Матар Сар, Нампалис Менди и Алфред Гомис. Сите тие останаа во главниот град Дакар. Повредени се Исмаила Са и Абдулаје Сек.