Фудбалерот, Садио Мане, кој во текот на летово го напушти Ливерпул и се пресели во Баерн Минхе, ќе биде меѓу најплатените играчи во клубот.
Сенегалецот ќе добие околу 60 милиони евра за три сезони или 20 милиони годишно. Тоа е за осум милиони повеќе од сумата што ја добиваше кај „црвените“.
Најплатен играч кај Баварците е напаѓачот, Роберт Левандовски, со 23 милиони евра по сезона.