60-годишниот, Трајче Сенев, е нов кормилар на Брегалница. Тој практично се врати во „старото јато“ бидејќи ги водеше штипјани од октомври 2011 до јуни во 2012 година.
Искусниот стратег има работено и во Кожув, Осогово, Пехчево, Силекс и Баби. Неговиот нов тим со 22 бода се наоѓа на претпоследното место на табелата во прволигашкото друштво.
Тоа значи дека Сенев до крајот на сезоната ќе има тешка задача да избори опстанок.