Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Сергеј Ребров го објави списокот на играчи за мечот со Македонија
    Фудбал

    Сергеј Ребров го објави списокот на играчи за мечот со Македонија

    risteBy riste26/09/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската репрезентација на Украина во октомврискиот циклус ќе и биде домаќин на Македонија во рамките на квалификациите за Европското првенство. Натпреварот поради воениот конфликт во Украина, ќе се одигра на неутрален терен во Прага, а исто така имаат казна од УЕФА и нема да имаат можност да го исполнат целиот стадион. 

    Во пресрет на натпреварот, украинскиот селектор Сергеј Ребров го соопшти списокот на играчи на кои ќе смета, а на него се наоѓаат 25 имиња и плус 3 резерви. 

    Списокот на повикани играчи на Украина:

    Голмани: 
    Андриј Лунин (Реал Мадрид), Анатолиј Трубин (Бенфика), Грегориј Бушчан (Динамо Киев)

    Одбрана: 
    Илија Забарни (Борнмут), Виталиј Миколенко (Евертон), Бохдан Микаиличенко (Динамо Загреб), Сергеј Кривтсов (Интер Мајами), Јуким Конопља (Шахтјор), Микола Матвиенко (Шахтјор), Денис Попов (Динамо Киев), Олександр Караваиев (Динамо Киев)

    Среден ред: 
    Михаило Мудрик (Челзи), Олександр Зинченко (Арсенал), Виктор Циганков (Џирона), Руслан Малиновски (Џенова), Сергеј Сидорчук (Вестерло), Тарас Степаненко (Шахтјор), Георги Судаков (Шахтјор), Јехор Назарина (Шахтјор), Олександр Зубков (Шахтјор), Андриј Јармоленко (Динамо), Виталиј Бујалски (Динамо Киев)

    Напад: 
    Артен Довбик (Џирона), Роман Јаремчук (Валенсија), Владислав Ванат (Динамо Киев)

    Покрај овие имиња, на списокот се и три резерви, Пихалонок, Сваток и Тимчук. Украинците три дена по дуелот со Македонија (14 октомври), гостуваат на селекцијата на Малта (17 октомври). 

    Македонија и Украина одиграа неверојатен натпревар во јуни во Скопје. Нашите фудбалери водеа со 2-0 на полувремето и имаа целосна контрола во првиот дел, ама потоа се случи голем пресврт и Украинците славеа со 2-3. Натпреварот во Прага може да се покаже како клучен за разврската во групата каде во конкуренција за втората позиција е и Италија, додека Англија е убедлив лидер. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Сон е првиот играч кој постигнал гол против четири различни актуелни англиски шампиони

    04/12/2023

    Феликс: „Прославувањето на голот против Атлетико беше олеснување по она што го поминав летово“

    04/12/2023

    Оли Воткинс стана третиот играч покрај Халанд и Салах кој постигнал 20 голови во Премиер лигата во 2023 година

    04/12/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Сон е првиот играч кој постигнал гол против четири различни актуелни англиски шампиони
    • Феликс: „Прославувањето на голот против Атлетико беше олеснување по она што го поминав летово“
    • Оли Воткинс стана третиот играч покрај Халанд и Салах кој постигнал 20 голови во Премиер лигата во 2023 година
    • Само Ливерпул и Тотенхем заминаа непоразени од „Етихад“ во 2023 година
    • Фернандез постигна гол за Челзи по 43 упатени удари кон противничките голови
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.