Шпанскиот играч за врска Серхи Роберто се пресели во редовите на италијанскиот прволигаш Комо, чиј тренер е неговиот поранешен соиграч во шпанската Барселона, Сеск Фабрегас. Ова го објави прес-службата на клубот од Серија А на официјалниот сајт.
Да напоменеме дека Серхи Роберто летово ја напушти Барселона како слободен играч. По 14 години во клубот, Роберто двапати го освои трофејот во Лигата на шампионите и седум пати со Барса ја освои титулата во шпанската лига.
Во натпреварот од 1. коло на Серија А, избраниците на Фабрегас загубија од Јувентус од Торино со резултат 0:3. Да потсетиме, Комо по 38 натпревари во сезоната 2023/2024 го зазеде второто место во Серија Б и директно се пласираше во Серија А.

