Серхио Кун Агуеро е успешно опериран во Барселона. Тој заработи повреда на средбата против Барнли и јасно беше дека сезоната за него е завршена, но сите очекуваа дека барем ќе помине без операција.
Сепак, последните информации велат дека Агуеро морало да биде опериран и целата операција е завршена во Барселона. Информациите околу состојбата ги потврди менаџерот на клубот, Пеп Гвардиола.
„Немам точна информација колку ќе паузира, операцијата е направена и ги чекам проценките по што ќе знаеме колку Серхио Агуеро ќе мора да отсуствува“, изјави Шпанецот.
Операцијата ја изврши доктор Рамон Кугат во Шпанија, која поминала без проблем. Сега ќе се чекаат наредните прегледи по што ќе се знае повеќе околу состојбата на фудбалерот и колку тој точно ќе паузира поради операцијата на левото колено.
До крајот на сезоната екипата на Манчестер Сити ќе ги доигра осумте натпревари од Премиер лигата, но ја очекуваат и натпревари од завршницата на Лигата на шампионите и ФА Купот, па секако дека може да се почувствува неиграњето на Агуеро.