Капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос беше исклучително среќен по пласманот во финалето од Лигата на Шампионите. „Кралскиот клуб” одигра 2:2 против Баерн Минхен на домашен терен и по победата од 2:1 во Минхен пред една недела си обезбеди трета година по ред учество во големото финале.
„Многу сме горди што стигнавме до ова трето финале. Верував дека можеме да дојдеме до него од самиот почеток и да се обидеме да ја одбраниме титулата. Баерн Минхен ни го отежна патот максимално. Се гледа дека се искусен тим кој игра доста време заедно. Но, со нашиот настап во Минхен денес дефинитивно го заслужуваме нашето место во финалето. Луѓето можат да зборуваат што сакаат, ние одговараме на теренот, а покажуваме супериорност со резултатите. Можеме да се подготвиме за финалето со оптимизам. Повторно напишавме убава приказна. Сега сакаме да станеме легенди”, вели искусен дефанзивец Серхио Рамос.