Шпанскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Серхио Рамос заработи повреда и ќе ја пропушти следната средба против Босна и Херцеговина која се игра во недела.
Централниот дефанзивец беше неизвесен за мечот со Хрватска кој го загубија со 2:3 во Лигата на нациите. И покрај повредата, Рамос го одигра натпревар и дури постигна гол од пенал, со кој го изедначи резултатот на 2:2.
Одбрандбениот играч се вратил во Мадрид и нема да патува со остатокот од шпанскиот репрезентативен состав во Лас Палмас, каде што ќе се игра контролата со Босна и Херцеговина.