35-годишниот шпански дефанзивец во редовите на Пари Сен Жермен, Серхио Рамос најверојатно ќе го пропушти реваншот од 1/8-финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Ова го објавија неколку медиуми во Франција и Шпанија. Причината е повреда на мускулот што го спречува Рамос да игра. Шпанецот е поранешен играч на Реал Мадрид, чиј дрес го носеше од 2005 до 2021 година. Реваншот помеѓу Реал Мадрид и Пари Сен Жермен е на 9 март.
Првиот натпревар во Париз заврши со победа на ПСЖ од 1:0 и со овој резултат патуваат на „Сантијаго Бернабеу“.