Премиерот на Италија, Џузепе Конти, потврди дека фудбалските екипи ќе можат да стартуваат со тренинзите од 4 мај додека кон средината на месецот може да се очекуваат и првите активности.
„Мора да покажеме сила, храброст и чуство за одговорност кон општеството. Сега темпото на животот поради вирусот започнува да се менува за сите. Спортистите ќе можат да тренираат од четврти мај, но, ќе мораат да ги почитуваат мерките за социјална дистанца. Новите пак, за нормализирање на ситуацијата ќе бидат донесени на 18 мај“ – изјави премиерот Конте.
Според најавата, сезоната во Серија А ќе се одигра до средината од јули а потоа клубовите ќе може да се насочат и кон меѓународните натпреварувања.

