Позитивните тестови на корона-вирусот на неколку играчи на Сампдорија, Фиорентина и Милан драстично ја менуваат ситуацијата во италијанскиот фудбал.
Затоа луѓето од Серија „А“ за в среда закажаа итен состанок на кој ќе се дискутира на неколку теми. Покрај опциите за рестарт на сезоната, ќе биде дискутирано и за приходите од ТВ-правата кои покриваат најголем дел од буџетите на речиси сите екипи од Калчото. Според информациите од Италија, тимовите нема шанса да ги добијат парите доколку сезоната биде прекината.
Медиумите на „Чизмата“ најавија дека поголем дел од екипите ќе инсистираат шампионатот да продолжи без разлика како ќе се одвива состојбата со инфицирани фудбалери.