Италијанската Серија Б во новата сезона може да започне само со 19 екипи. иако официјално се уште не е потврдена листата на учесници во италијанското второлигашко друѓтво следната сезона, некои од највлијателните медиуми на „чизмата“ велат дека лигата ќе остане без три екипи кои изборија настап во натпреварувањето за следната сезона.
Бари и Чезена веќе прогласија банкрот, додека екипата на Авелино е исклучена од Серија Б од финансиски причини. Иако има најави дека Новара, Виртус Ентела, Тернана или Про Верчели би можеле да добијат покана за настап во новата сезона (иако испаднаа), засега се уште нема конечна одлука, иако жалбената постапка е завршена на 31 јули.