Клубовите во Англија гласаа за голема промена за претстојниот летен преоден рок. Според денешната одлука, предвреме ќе се отвори следниот период во кој врвните клубови од Премиер лигата ќе можат да склучуваат зделки.
Трансфер прозорецот ќе се отвори на 1-ви јуни, а ќе се затвори на 10-ти јуни. Светското клупско првенство се одржува во САД од 15 јуни до 13 јули.
Традиционалниот преоден рок ќе се отвори на 16 јуни и ќе се затвори на 1 септември. Годинава за прв пат Светското клупско првенство ќе се одржи во нов формат и во лето.
Во него ќе учествуваат 32 клуба, меѓу кои и некои од најголемите тимови во Европа – Реал, Баерн, Манчестер Сити, Пари Сен Жермен итн.

