Голгетерот на Штутгарт Серу Гираси пристигна во Дортмунд за да го финализира трансферот во Борусија, пренесува „Скај Германија“.
28-годишниот Гвинеец претходно постигна конечен договор со раководството на „жолто-црните“ за негов трансфер на „Сигнал Идуна Парк“. Борусија ќе ја активира неговата откупна клаузула во договорот со Швабите вредна 22,5 милиони евра. Самиот напаѓач ќе потпише договор на 4 сезони со својот нов клуб.
Серу Гираси ќе стане вториот играч на Штутгарт кој ќе се приклучи на Борусија по Валдемар Антон. Се очекува официјално да биде објавено до крајот на денот откако напаѓачот ќе ги помине лекарските прегледи.