Првите луѓе на Барселона размислуваат за ново име на клупата доколку Каталонците не ја освојат Лигата на фудбалските шампиони.
Тоа значи дека тренерот, Кике Сетиен, кој не успеа да ја одбрани титулата во Примера ќе добие отказ доколку не успее да триумфира во елитната конкуренција на Стариот континент. Според наведеното во медиумите, Маурисио Покетино, Марсело Гаљардо или Гарсија Пимента, може да добијат покана од наредната сезона да го водат шпанскиот гигант.
Целата ситуација околу иднината на Сетиен треба да биде многу појасна по 1 /4 финалниот меч во Лигата на шампионите против Баерн Минхен закажан за в петок на теренот во Лисабон.